Пет12042020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Семејството на починатата родилка обвинува за лекарска негрижа

Семејството на починатата родилка обвинува за лекарска негрижа

Сподели

37 годишната Фатиме Бајрам од Охрид  е родилката која вчера почина на одделението за Гинекологија во Скопје.

Била мајка на две деца, третата бременост заврши фатално. Со мртво бебе во стомакот, температура и сепса , беше препратена на скопска гинекологија, каде Брзата помош ја оставила пред врата. Несреќната родилка починала за време на оперативниот зафат.

Семејството   обвинува за лекарска негрижа. Тврдат  Фатиме  три дена по ред одела во болница со страотни болки, но докторите ја одвраќале од пораѓај со изговор дека е рано. 

-„ Отиде пак по трет пат на лекар со пукнат водењак, цетеге и направија бебето значи живо се слушаше срцето се. Пак ја вратија. Жено рано ти е за пораѓај. Третиот пат беше доктор Боро, една сестра и дала и спавача и ја имаше облечено за пораќај за в сала. Докторот ја видел и и рекол назад рано ти е тебе. Го премоли докторот- докторе ке умрам ве молам да ме спасите. Ја вратил назад и и рекол ќе дојдете утре сабајле“, вели Линдита Рустем роднина на починатата. (телефонска изјава)

Последниот   ден утрото на ехо виделе дека бебето е критично и итно ја испратиле за Скопје. Семејството другиот ден разбрало дека родилката починала.

-„ Еден повик само успеавме да добиеме дека е внесена во салата и толку. Рековме да не досаѓаме се јавуваме псоле два и пол часа никој не се јавуваше. Не знаевме ништо ни дали е жива ни дали е мртва“, додава Рустем во телефонска изјава.

Директорот на болницата д-р Горан Балев вели стручниот колегиум оценил дека од страна на гинеколошкиот тим било направено се по сите стандарди  на медицината базирана на докази и изразува сочуство на фамилијата. Инаку според медицинската евиденција точно е дека жената била три пати прегледана во гинеколошкото оделение.

Министерството за здравство најави вонреден иснпекциски надзор во болницата во Охрид, бидејќи возилото за брза помош ја оставило родилката пред вратата на скопската клиника,  а била донесена и  без крвна група. Државниот санитарен инспекторат веќе го почнал вонредниот инспекциски надзор на Гинекологија Скопје, уште во текот на вчерашниот ден. Истиот ќе биде комплетиран откога ќе бидат завршени воредниот инспекциски надзор кај матичниот гинеколог во Охрид и на гинеколошкото одделение во охридската болница.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK