Саб06062020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во викенди нема да има погреби

Во викенди нема да има погреби

Сподели

Во викенди нема да има погреби.

Согласно најновата одлука на Владата од 06. 04. 2019 година со која од среда 08. 04. 2020 година забраната за движење во работните денови започнува од 16.00 часот и 24 часовна забрана за движење на граѓаните за време на викенди ДООЕЛ Мирен Сон Охрид излегува со следново:

Соопштение

 1. Починатите лица од местото каде што починалe ќе се превземаат од нашите екипи со целосна заштитна опрема и тоа во текот на 24 часа од денот.

2. Последниот термин за погреб ќе биде во 14.00 часот, а со цел на погребот да присуствува само потесното семејство на некролозите не стои термин на погребување. 3. Во сабота и недела погреби нема да се организираат и истите ќе се поместат за првиот работен ден, односно за денот кога нема да важи 24 часовна забрана за движење. 4. Согласно претходно направениот и веќе применет начин на организација, целокупната организација ќе се прави без да има потреба член на семејството да излегува од домот. Нашите екипи изминатиов период сите инструкции за организација ги даваат телефонски и тој систем се покажа функционален во целост. 5. На погребите присуствува само потесното семејство со почитување и запазување на мерките препорачани од Владата и од Министерството за здравство за држење на растојание од 2 метри и без меѓусебно ракување. Д.К.Т. ЗАШТИТИТЕ СЕ СЕБЕ СИ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ВАШИТЕ САКАНИ Ги замолуваме сите граѓани да имаат разбирање и понатака да ни ја даваат поддршката за сите наши мерки кои придонесуваат сите заедно да се избориме што побрзо Корона вирусот да стане минато, информираат од Мирен Сон Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK