Саб06062020

Последна промена09:46:49 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во охридската болница формиран кризен штаб

Во охридската болница формиран кризен штаб

Сподели

Охридската болница има доволно капацитети,  знаење и умеење за спаравување со предизвиците со Ковид 19, истакна на денешната прес конференција Горан Балев директор на охридската болница.

 Формиран е кризен штаб во кој се вклучени најискусните лекари и началниците на сите одделенија во болницата. Со цел да се заштитат и лекарите и пациентите формиран е тријажен центар ,  каде се упатуваат сите пациенти пред да влезат во болницата.

Полесните пациенти се згрижуваат во Охрид, а посериозните се испраќаат во Битола.

-„Од сите граѓани на општина Охрид барам да го почитуваат редот во болницата. За да не лутаат пациентите прво ќе се пријават во тријажен центар  По сите стандарди  заразените пациенти од Инфективното одделение во Охрид се пренесуваат во Битолската болница, каде е подготвен регионален центар Полесните форми се згрижуваат тука, а другите се испраќаат во Битола“, вели Балев. 

Моментално на Инфективното одделение во Охрид има шест сомнителни пациенти на Корона вирус, кој се згрижени, во добра здравствена состојба, вели Балев.

-„Инфективното одделение максимално може да прими до десет пациенти. Пациентите од Геријатрија се испратени од охридската болница во специјалната болница за ортопедија „Свети Еразмо“ , првенствено  за да се заштитат. Ова е време кога сите здравствени работници  треба да бидеме сложни и да излеземе како победници“, додава Балев.

Инфективното одделение има три лекари и вкупно дваесеттина  медицински персонал. Балев повика  матичните лекари да не го преоптоваруваат системот и оние пациенти кои немаат потреба од мислење на специјалист да не се испраќаат во болница.  

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK