Саб06062020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Возило со жители од Дебар и Центар Жупа сопрено кај Подмолје

Возило со жители од Дебар и Центар Жупа сопрено кај Подмолје

Сподели

Во возилото имало 4 возрасни и 2 малолетни лица.

Вчера во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, во насока кон Охрид, сопрен е патнички автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М.(26) од дебарското село Отишани. Во возилото како сопатници беа О.И.(29), К.Н. (20), со две малолетни лица, сите од селото Долгаш, општина Центар Жупа, како и А.Џ. (20) од дебарското село Џепиште. Како е можно возилото со патниците да се најде пред Охрид испитува полицијата.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид „ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во членот 206 од Казнениот законик, а по претходна консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, лицата се задржани и запознат е Судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи во работата со малолетните лица. 

- Дополнително, извршено е запознавање на Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите лица, под полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, изјави портпаролот Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK