Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Петар Рупески од Варош го фати Светиот крст

Петар Рупески од Варош го фати Светиот крст

Сподели

 24 годишниот Петар Рупески од населбата Варош е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското езеро. Тој беше  најбрз  меѓу стотиците  капачи  во трката во ладните езерски води на температура од 11 степени Целзиусови.

 

Рупески  по чесниот крст скока од дете , а после девет години по втор пат  успеа да го извади  од Охридското езеро.

-  Чувството не може да се опише со зборови се надевам дека оваа година ќе бидам посреќен, повесел ќе ми биде побериќетна како 2005 година кога го фатив крстот,  изјави Петар Рупески среќниот фаќач на крстот.

 

Езерските води за прв пат ги освети Митрополитот гостиварско тетовски Владиката Јосиф. Кумовите на Водици охридскиот градоначалник и неговиот пријател Сашо Симески посакаа здравје и бериќет за сите.

 - Навистина ова е едно продуховено чуство.  Кумството за Впдици е голема чест и привилегија, примање на посебни духовни вредности, Им посакувам на сите многу здравје, љубов и сплотување. Убавите мисли да не ве одминат во текот на целата година, порача градоначалникот НИкола Бакрачески.

- Се чувствувам прекрасно ова е за мене голем ден можам да кажам најважен ден во мојот живот досега,  изјави Сашо Симески кум на Водици.

Величествената  атмосфера беше надополнета со духовна и староградска музика. Убавото зимско време придонесе  десетици илјади верници,  охриѓани и туристи од земјава и странство да го следат  осветувањето на езерските води.

- Велиичествено е и тоа го покажува целата манифестација. Да е аирлија на тој што го фати крстот, вели една охриѓанка.

- За многу години, радосни, весели и многу години да си дочекаме, вели друга охриѓанка.

На  најмасовниот црковно-народен спектакл во земјава, со долгогодишна традиција , во Охрид годинава присуствуваше и премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Велјаноски.

 

новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK