Пет06052020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Убава вест од гинеколошкото одделение во Охрид: Рекорден број новороденчиња изминатото деноноќие

Убава вест од гинеколошкото одделение во Охрид: Рекорден број новороденчиња изминатото деноноќие

Сподели

Изминатото деноноќие на Гинеколошкото одделение во Охрид се родија рекордни осум бебиња.

Плачот на шесте новородени   девојчиња и двете   момчиња  го радуваат медицинскиот персонал и пресреќните родители. 

Пет беа спонтани породувања, а три царски рез, велат од гинеколошкото одделение во охридската болница. 

Во породувањата  учествуваше целиот медицински тим, дежурниот доктор Горан Маркоски,  началничката Мимоза Влаши, гинеколозите Катерина  Попоска и  Боро Петрески.

Тие не го криеја своето задоволство и им порачаа на охриѓани да се зголемува наталитетот во градот.

-„Вистинско задоволство е да се слуша плачот на  повеќе новородени бебиња во болницата. Ги охрабруваме младите  да се породуваат во охридската болница, а не да одат во други градови и по приватни клиники. Располагаме со најсовремена опрема и стручен кадар да им пружиме медицинска помош на сите пациенти и родилки“, вели доктор Горан  Маркоски.

Шест од новороденчињата,  кои вчера дојдоа на овој свет се  од Охрид,  а две од Дебар. Во последниве 15 години ова е рекордот на новородени бебиња во едно деноноќие.

 

Честитки за целиот медицински тим, кој во ова време невреме на пандемија со  корона  вирус донесе радост  во Охрид. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK