Пет06052020

Последна промена02:08:52 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Еден физички напад и нула прекршувања на полицискиот час во Охрид

Еден физички напад и нула прекршувања на полицискиот час во Охрид

Сподели

Напаѓачот ќе добие пријава од полицијата.

На 19.05.2020 година во 10 часот и 20 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Љ. од Охрид врз М.М.(47), вработен во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинг просторот во градот. Се преземаат мерки за идентификација на напаѓачот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека „ Во текот на изминатото деноноќие (19/20.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, пет лица не ја почитувале забраната за движење (Кичево-5). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

-На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 32 контроли врз лица во изолација, 31 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-3, Струга-8, Кичево-6, Дебар-14) и 56 контроли на угостителски и други објекти, изјави Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK