Пет06052020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Лазареска повикува на избори

Лазареска повикува на избори

Сподели

Над два месеци нашата земја како и сите останати низ светот се бори со невидливиот непријател Ковид -19.
Пандемијата на сите до еден ни го диктира животот, рече Жаклина Лазареска од СДСМ.

Од средината на март постојано се алармира дека короната може да совлада секого. Заразата со Ковид – 19 не го одмина ниту Охрид, но за среќа епидемиолошката слика е под контрола.
Ако се бараат хероите на ова време - повеќе од јасно е дека тоа се здравствените работници кои беа и се’ уште се на првата борбена линија. За што треба да им се честита.
Почитувани, треба да сфатиме дека враќањето во нормала на животот и победата над пандемијата зависат од нас и од нашето однесување.
Но животот оди натаму. Короната индиректно ги нападна стопанството и економијата а со тоа удри по стандардот на секој од нас.
Претходно, во нашата земја прекинаа дејствијата за изборите закажани на 12 април, до отстранување на вонредните мерки. Не му се израдуваме и не го прославивме нашето членство во НАТО како и позитивниот извештај на ЕУ и зеленото светло за добивање датум за почеток на преговори. Парламентот не е свикан а техничката Влада со Уредби ги решава напластените проблеми. Експертите се изјаснија дека на земјата и треба политичка одговорна власт, а не техничка Влада која го нема целиот капацитет. Згора на тоа опозициската ВМРО ДПМНЕ која постојано бараше избори сега бега од соочување со граѓаните и бара тие да се случат за месец два подоцна - криејќи се наводно под плаштот на грижата за здравјето граѓаните и стравот од Ковид – 19.
Мицковски и врхушката на партијата со денови ја критикуваа Владата и СДСМ дека не прави ништо да им помогне на граѓаните и економијата а кога надлежните министерства предложија дури три сета мерки за помош на сите погодени од короната, опозиционерите трубат очајно дека тоа било можен поткуп на гласачите затоа треба да се почека со изборите. Народски кажано Мицкоски и неговите ниту се водат ниту се тераат, останаа заглавени во минатото и уште чекаат инструкции од лидерот во сенка кој ужива во Будимпешта.
Почитувани,
СДСМ е одговорна партија, ние сакаме консензус за важни прашања како што се изборите. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни. Тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена после завршувањето на вонредната состојба.
Верувајте, ние најмногу сакаме да дојдеме до консензус. И до сега правевме се и ќе продолжиме и натаму да вложуваме максимум за заеднички договор. Не е добро ни за ДПМНЕ, ни за нас, ни за државата да нема консензус по вакви прашања. Но, ако сепак ДПМНЕ инсистира да нема датум за избори, тогаш по сила на закон изборните рокови го проектираат 21 јуни како изборен ден, тука веќе работите не зависат од нас туку од законите.
Изборите се веќе закажани, ВМРО е веќе учесник.
ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржа распишување избори, влезе во техничка влада за да заедно организираме избори, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, дури има и свое бројче на гласачкото ливче.
Ако нема консензус, на изборите на 21 јуни на гласачкото ливче со сигурност ќе ја има листата на ДПМНЕ.
Мицкоски сака да на втурне во неизвесност и во нова криза. Во време кога земјите во соседството (Србија, Хрватска) брзаат да организираат избори за да не влезат во нов Ковид пик и со тоа во нова уставна криза, Мицкоски и ДПМНЕ бараат одлагање на избори.
Сите знаат: септември, есента, се најризични за јавното здравје. Светската здравствена организација постојано алармира, дека наесен се очекува нов пик, поради отворените граници, летните одмори, отворањето на школите и градинките...
Гласањето ќе биде 100% безбедно. Гласањето е неопходно.
Ако може да одиме секој ден заштитени во маркет, со маски, со дезинфекција во секој јавен објект - тогаш истото ќе го направиме во тие 2-3 минути на гласачкото место. Зошто? Бидејќи ни требаат функционални институции. Бидејќи во септември треба да се справуваме со нов пик, да развиваме економија, а не тогаш да се бавиме со нови преговори, лидерски, кампањи, избори.
Ние сме за Избори на 21 јуни. Придружете ни се!, повика Лазареска. 

ВИДЕО: 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK