Пет06052020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Матурантите ќе даруваат крв: ОХРИДСКИОТ МАТУРСКИ „КВАДРИЛ“ НА ХУМАНОСТА

Матурантите ќе даруваат крв: ОХРИДСКИОТ МАТУРСКИ „КВАДРИЛ“ НА ХУМАНОСТА

Сподели

Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие вонредни услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти.

 

За да ги задоволи потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира голема крводарителска акција под мотото „ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ“ која ќе се реализира на 27.05.2020 (среда) во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во периодот од 9:00 до 14:00 ч.

Во периодот на месец мај,  во кој сеуште се соочуваме со епидемија од COVID-19, поради што и не постојат услови за одржување на традиционалниот јавен матурски танц и организирање на матурските прослави и свечености,  Црвен крст Охрид и Општина Охрид создаваат услови и можност нашите охридски матуранти да ја прослават својата матура и го „танцуваат“ ОХРИДСКИОТ МАТУРСКИ „КВАДРИЛ“ НА ХУМАНОСТА  дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

Ги покануваме овогодинешните матуранти, но и вработените во општина Охрид и јавните претпријатија и сите хумани сограѓани на возраст од 18 до 65 години да се придружат на хероите на ова време и дарувајќи ја драгоцената течност, спасат човечки животи.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.

Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK