Пет06052020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид И охридскиот доктор Шокароски дел од тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во земјава

И охридскиот доктор Шокароски дел од тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во земјава

Сподели

И кардиохирургот  Маријан Шокароски од Охрид беше дел од тимот, кој  за прв пат во земјава изврши  трансплантација на срце. 

На Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија трансплантирано е срце кај 52 годишен пациент кој боледуваше од кардиомиопатија со тешка состојба по направен аорто-коронарен бајпас и со огромна редукција на ЕФ (ежекциона фракција - пумпна снага на срцето под 20%). Во последната недела имаше влошување на состојбата на пациентот при што истиот беше хоспитализиран на УК за Државна Кардиохирургија. Пациентот претходно беше подложен на клинички испитувања и ставен на националната листа за пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

Денес, благодарение на храбрата и несебична одлука на семејството Диневи, спасени се три човечки животи преку донирање на срце и два бубрези, со што вратена е вербата во човековата хуманост во државата. Пример кој треба да го следиме во иднина и кој заслужува поклон до земја.
Под водство на Проф.Др.Сашко Јовев кардиохируршките тимовите работеа повеќе од 6 часа и 30 минути. Утрово на 23.05.2020 срцето на трансплантираниот пациент проработи и Македонија ги доби првите отчукувања на трансплантирано срце во државата.
Тимот за имплантација на срцето кој работеше во операционата сала на УК за Државна Кардиохирургија беше под водство на Проф.Др.Сашко Јовев (УК за Државна Кардиохирургија), Др.Жан Митрев (Жан Митрев Клиника), Суп.спец.Др.Марјан Шокаровски (УК за Државна Кардиохирургија), Суп.спец.Др.Васил Папестиев (УК за Државна Кардиохирургија), Др.Вангел Здравески, Др.Александар Колев, Др.Кујтим Џелили, Др.Кристијан Бундовски, Др.Соња Граждани (УК за Државна Кардиохирургија), Др.Надица Мехмедовиќ (анестезија УК за Државна Кардиохирургија), Др.Стефанија Стојановска Хаџиевска, Др.Јасмина Илиевска, Др.Весна Миташова (анестезија УК за Државна Кардиохирургија), Др.Марија Ѓеракароска, Др.Тања Анѓушева, Др.Жан Зимбаков, кардиохируршките инструметарки - с.Слаѓана, с.Јелена (УК за Државна Кардиохирургиј), с.Катерина (Жан Митрев Клиник), тимот на анестетичари с.Анита, с.Магдалена (УК за Државна Кардиохирургија), тимот за ЕКЦ - м.т Стефан, Борче, Александра и сите останати здравствени работници кои беа директно и индиректно вклучени во имплантацијата. Огромна благодарност за тимот за експлантација предводен од Суп.спец.Др.М.Шокаровски (УК за Државна Кардиохирургија), Др.Н.Христов (Жан Митрев Клиник), Др.А.Николиќ ( Аџибадем Систина), Др.Н.Лазовски, Др.М.Андов (УК за Државна Кардиохирургија), Др.А.Колев, Др.К.Џелили, (УК за Државна Кардиохирургија) Др.Сотир Ставридис, Др. Јосиф Јанчулев (УК Урологија), Др.Маја Мојсова, Др.Весна Дурнев, Др.Билјана Андонова (КАРИЛ), тимот на кардиохируршки инструмрнтарки с. Мартина, с.Имран, с.Кристина, м.т. Борче (УК за Државна Кардиохирургија) како и целиот останат здравствен персонал кој беше директно и индиректно вклучен во целиот процес.


Огромна благодарност до Министрот за здравство Доц.Др.Венко Филипче и националниот координатор за трансплантација Др.Маја Мојсова, за успешното менаџирање на овој голем предизвик за целиот јавен здравствен систем во државата.
Сега борбата за задржување на срцето кај пациентот продолжува, како не би се случило отфрлање на трансплантираното срце.
Чест е да се биде дел од тимот кој испиша историја со прва трансплантација на срце во државата!Македонијо биди горда!

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK