Пет06052020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид СДСМ делеше заштитни маски низ Охрид

СДСМ делеше заштитни маски низ Охрид

Сподели

Под мотото: „Првата битка ја добивме“, но борбата не е завршена“, денеска кандидатите за пратеници на СДСМ од ОО во Охрид, актуелната пратеничка Жаклина Лазаревска и актуелниот претседател на СДСМ Охрид Лазе Таневски во соработка со Клубот на СДММ Охрид ја спроведоа акцијата за поголема информираност на граѓаните околу Ковид -19.


На две локации: Кеј Македонија и од Стара Чаршија до пазарот, Лазаревска и Таневски на граѓаните им делеа флаери со најважните информации сврзани со корнавирусот како и 1000 маски за еднократна употреба и подобра заштита од него. Поентата на средбите кои наидоа на позитивен одзив кај граѓаните беше заокружена со пораката: „Од нас зависи, сите да помогнеме во борбата со корона вирусот“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK