Пон07132020

Последна промена11:17:16 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Рибокрадците пустошат, полицијата со засилени контроли

Рибокрадците пустошат, полицијата со засилени контроли

Сподели

Рибокрадци го пустошат Охридското езеро. Криволовците ја користат  вонредната состојба и полицискиот час за нелегално изловување и профит. 

 

Најризично е во селата Радожда, Калишта, Пештани и   Трпејца. Се изловува и на „црно“ се продава  ендимичната  риба, која со децении е на работ  на исчезнување.  Изминатиот период езерската полиција со засилени контроли,  „улови“ рибокрадци со  300 парчиња разновидна риба и 220 рибарски мрежи. Поднесени се десетина кривична пријави. 

- „Одземени се 122 килограми  најразновидна риба околу 23 000 метри рибарска мрежа и повеќе други риболовни алата и прибор, секако одземени се и кајчиња “, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. 

Еколозите повикуваат да  се  стави крај на  нелегалниот риболов и овој црн бизнис од кој со години  профитираат  групи  луѓе. Езерото да не се издава под концесија, да се користи само за спортски риболов. 

-„Само спортски риболов со туризам. Мрежи  никако користење и да се чува сателитски никој да не може да влезе. Одма сателитски се гледа кој е ќе биде фатен притворен и казнет. Во светото денеска сегде така се работи“ , вели Лазо Наумоски еколог. 

Поради непочитување на договорот, пред три месеци  министерството за земјоделие  му ја раскина концесијата   на фирмата „Летница Белвица“. Па затоа годинава Охридското езеро не е  порибено со подмладок пастрмка. 

Новинар Соња Рилковска 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK