Пет11152019

Последна промена08:34:51 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кривична за раководителот на УЈП кој нападна полицаец

Кривична за раководителот на УЈП кој нападна полицаец

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“,полициската станица од Струга против А.А.(41) од Струга поднесе кривична пријава.

 

Пријавениот, казненото дело го извршил на осумнаесетти овој месец во 13 часот и 39 минути на пресекот на улиците „15 Корпус“ и „Владо Малески“ во централното градско подрачје во Струга. Настанот се случил во момент кога полициски службеник вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопрел  патничко моторно возило марка „Цитроен-Ц 5“ со скопски регистарски таблици и од возачот побарал возачки документи.

Во следниот момент, вербално реагирал пријавениот А.А. кој бил сопатник и на полицискиот службеник на висок тон му се обратил, велејќи му дека нема потреба од контрола бидејќи возилото било службено. Револтиран што полицискиот службеник продолжил со службените активности, пријавениот излегол од патничкото возило и физички го нападнал сообраќајниот полицаец удирајќи го со рака во пределот на лицето, нанесувајќи му расекотини и црвенило.

Пријавениот, по консултација со јавен обвинител веднаш е повикан во полициската станица во Струга.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK