Вто07072020

Последна промена03:26:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид 326 лица го прекршија последниот полициски час

326 лица го прекршија последниот полициски час

Сподели

Во периодот од 22.03.2020 година до 26.05.2020 година кога на сила беше полицискиот час со цел спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно 326 лица лица не ја почитувале забраната за движење.

(15 лица на возраст до 18 години, 307 лица на возраст од 18 до 67 години, 4 лица над 67 години). Во истиот период а во врска со членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, поднесени се вкупно 193 пријави против 222 лица. Истовремено, извршени се 3398 контроли врз лицата во изолација и 12.173 контроли врз лицата во самоизолација. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 4636 контроли врз угостителски и други објекти, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK