Пон07132020

Последна промена08:01:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Репортажа: Издигната високо на Галичица црквата Свети Спас - чувар на Трпејца

Репортажа: Издигната високо на Галичица црквата Свети Спас - чувар на Трпејца

Сподели

Во живописното Трпејчко поле скриена во длабока шума, високо издигната на 1600 метри надморска височина спокојно бдее храмот посветен на Христовото Вознесение.

Трпејчани си ја знаат црквата како свој дом, впрочем тие и ја возобновуваат. На ова место имало параклис, но од пред три годни започна изградба на црква. Лани  беше поставен камен темелник. 
На празникот , вчера и завчера верниците по традиција се искачуваат на поклон и молитва во храмот.
До храмот се стигнува преку селото Пештани или преку превојот Галичица- Ресен, каде има информативна табла. Од Пештани има повеќе пешачење, околу 5 часа и станува збор за средно тешка планинска тура. Таа ја оставаме за похрабрите.
Верниците може да стигнат преку патот за Галичица. Автомобилот ќе мора да го паркирате, кај патоказот, па да продолжите пешки околу 40 тина минути, низ раззеленетата шума, со пеперутки, кукуреци и диви трендафили.
Инаку празникот Вознесение Христово е слава на село Трпејца. Вистинско уживање и божја благодет е прекрасното, камено  црквиче издигнато на Трпејчко поле.
Малкумина знаат за овој храм , па затоа Ви препорачуваме да го посетите!

 ФОТОГРАФИИ: 

 

 

новинар Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK