Пон07132020

Последна промена08:01:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пецаков обвинува: Георгиески не се откажа од партиските вработувања

Пецаков обвинува: Георгиески не се откажа од партиските вработувања

Сподели

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се однесуваат крајно несериозно кога станува збор за здравјето и интересот на граѓаните, рече на денешнат прес конференција Кирил Пецаков координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во советот на општина Охрид.

 

 „Георгиески три месеци одложуваше за ребалансот на буџетот и на крајот реши да биде партиски послушник на СДСМ. За жал градскиот татко не се откажа од 17.800.000 денари за партиски вработувања, наместо да ги пренамени тие средства за помош на граѓаните и справување со економската криза.

Наместо градски татко, Георгиески не се откажа од патните и дневни расходи од 540.000 денари и да помогне во борба со коронавирусот и поддршка на стопанството.

Георгиески се откажа од две плати, но никако не се откажува од јадење и пиење и од дневници за службени патувања.

2.340.000 денари ќе потроши нашиот градоначалник за патни трошоци и репрезентации додека градот пропаѓа и охриѓани се борат за здравје, за задржување на своите работни места и се чудат како да врзат крај со крај.

СДСМ и Георгиески не ги интересира здравјето на граѓаните и нема помош за граѓаните кои се оставени сами на себе во овие тешки времиња.

ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки и апелиравме навремено, но неспособноста и незнаењето на СДСМ и Георгиески со задоцнетиот ребаланс на буџетот ги докажаa нивните неуспешни економски политики“, рече Пецаков. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK