Вто07072020

Последна промена03:26:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид 6, во Струга 11 активни болни од корона

Во Охрид 6, во Струга 11 активни болни од корона

Сподели

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува Центар за јавно здравје Охрид, за состојбата со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци,  на неделна основа…

 

За период од 23 до 29 мај 2020 г.
- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 39 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 26 лица, во општина Струга и Вевчани 10 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 3 лицa.
- Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 3, Дебар и Центар Жупа 3), а 20 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 7)
- Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 2 лица, a од општина Струга 8 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19.
- Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 44 лица, во Струга се 56 лица
- Активни случаи во Охрид се 6, а во Струга 11.
- Во Охрид има 1 пациент на домашно лекување и 1 хоспитализиран, а во Струга 4 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани.
- Оздравени пациенти има 2 од општина Охрид и 1 од општина Струга.
- Во овој период починато е 1 лице од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до денес, 30 мај 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 152 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа од кои на 23 лице во општина Охрид и Дебрца, 79 лице во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 52, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти
-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 16, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

Почитувани сограѓани,
Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот иако со намален интензитет, сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири и групирање, апелираат од ЦЈЗ Охрид. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK