Вто07072020

Последна промена03:26:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Милески: Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги

Милески: Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги

Сподели

Началникот на СВР Охрид со ФБ статус по изјавата на директорот на БЈБ.

Ниту еден збор за пожртвуваноста и посветеноста на полициските службеници, ниту еден збор за покачување на платите на полициските службеници, ниту еден збор за фактот дека Министерството за внатрешни работи во изминатиот период успешно се справуваше со коронавирусот. Само груби лаги и манипилации“, напиша денеска на својот ФБ профил, Илија Милески, началник на СВР Охрид. Ова е дел од неговата реакција на изјавата на Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, дадена денеска за Нова Тв, во која, директорот вели: „Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна“.
- Јавноста треба да знае и да биде сигурна јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи Наќе Чулев. Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери. Уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите во истата.“ напиша Милески.

Инаку, мнистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, по прозивките во јавноста околу одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата поради што се случи драматичен пораст на новозаболени, прстот го впери во директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
-“Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира, порача Чулев на својот Фејсбук профил” изјави министерот Наќе Чулев.
Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, во изјавата дадена за Нова Тв, ги отфрли овие обвинувања и побара полицијата да биде ослободена од интересот на партиската политика.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK