Пет07032020

Последна промена09:53:49 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Локалните и регионалните ТВ денеска на штрајк

Локалните и регионалните ТВ денеска на штрајк

Сподели

Здружението „Медиум објектив“ за денеска најави штрајк со исклучување на програмата, поради нееднаков третман на дел од регионалните и локални телевизии.

„Регионалните и локални телевизии кои емитуваат програма преку електронска комуникциска мрежа, членки на Здружениот „Медиум Објектив“, незадоволни од одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 58. седница одржана на 30 мај 2020 година, со која им се доделува финансиска помош на пет национални и шест регионални терестријални телевизии, за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување за справување со кризата, од денеска 3. јуни започнуваат штрајк. Штрајкот ќе се одвива со прекин на програмата од 19 до 20 часот, секој ден со црн екран и испишан текст: „ШТРАЈК поради нееднаков третман на Владата на Република Северна Македонија кон радиодифузерите“. Штрајкот ќе трае до носење на Уредба за помош и поддршка на сите радиодифузери“, се вели во соопштението.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK