Пон07132020

Последна промена08:01:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Полицаец го нападнал уредникот на „Охридскај“

Полицаец го нападнал уредникот на „Охридскај“

Сподели

Полицаец  физички го нападнал  уредникот на Охридскај.

 

Сообраќаен полицаец од Охрид, вчера  физички го нападнал уредникот на порталот „Охридскај“, Сашо Денесовски, на полицискиот пункт Подмоље, удирајќи го со метална палка по десната рака, пишува порталот „Охридскај“.

„Екипа од двајца новинари од редакцијата на Охридскај се упати на полицискиот пункт Подмоље, по што на полицаецот уредно му се легитимираа и запрашаа по кој закон се казнуваат граѓани од источлено семејство. Полицаецот наместо да одговори, со метална палка го удри уредникот на Охридскај при што му нанесе лесна телесна повреда на десната рака и му го искрши мобилниот телефон кој го држеше во рака. Уредникот му даде наредба на новинарката да вози во полициската станица да го пријават настанот. Откако екипата на Охридскај замина кон Охрид после хотел Амбасадор од истиот полицаец добија светлосни сигнали да застане и откако застана, полицаецот со примена на сила насилно го извади од возило, а на новинарката ѝ издаде наредба да продолжи да си се движи по патот“, пишува Охридскај.


Сашо Денесовски, вчера  бил приведен во полициската станица во Охрид.

„Уредникот на Охридскај беше приведен во ПС Охрид, за наводно омаловажување и навредување на службени лица, како што имаше изјавено полицаецот дека наводно од редакцијата врз него биле упатени пцости и вулгарни зборови и дека наводно со рака му бил покажан среден прст. Очигледно од видеото кое е објавено на официјалната страна на Охридскај, јасно се слуша и се гледа дека од страна на редакцијата е постапено професионално, дека немало никакви упатени закани или навреди, туку полицаецот прекршувајќи ги неговите службени овластувања извршил физички напад врз новинар и новинарска екипа, а со цел да го сокрие таквото криминално дејствие повторно ја злоупотребува својата службена положба и овластувања вадејќи ги насилно новинарот од возило и повторно злоупотребувајќи ја својата положба и овластување приведил лице за дело кое не го направил“, објави  „Oхридскај“.

Како што е наведено во текстот, редакцијата на Охридскај најавува дека ќе поднесе соодветни пријави до единицата за професионални стандарди при МВР, а воедно ќе поведе и соодветни постапки пред надлежни судови за дивеењето на полицаецот врз новинарска екипа. 

 Во соопштението на СВР Охрид  стои:

 

На 04.06.2020 околу 14.00 часот во СВР Охрид приведен е С.Д.(53) од Охрид, поради постоење сомнение за неовластено снимање и омаловажување на полициски службеници кои преземале службени дејствија во близина на охридското село Подмолје. Истиот ден околу 19.00 часот во полициската станица Охрид, С.Д. пријавил дека при приведувањето, полицискиот службеник му нанел тешки телесни повреди на десната рака, констатирани во Општата болница во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK