Вто07072020

Последна промена03:26:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се почитува полицискиот час во Охрид

Се почитува полицискиот час во Охрид

Сподели

Во соседна Струга, само едно прекршување на полицискиот час.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-2, Струга-1). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.
- На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 148 лица (Охрид-48, Струга-86, Кичево-14). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 86 контроли (Охрид-22, Струга-53, Кичево-11). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 56 лица (Охрид-20, Струга-28, Кичево-3, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 41 контроли (Охрид-11, Струга-22, Кичево-3, Дебар-5). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 26 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-03, Струга-06, Кичево-07, Дебар-10), изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Како што нагласи портпаролот Димоски, во изминатото деноноќие, полициските службеници, констатирале 60 прекршоци за не носење на лична заштита на лицето (Охрид-24,, Струга-06, Кичево-25, Дебар-05).

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK