Пон07132020

Последна промена11:17:16 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид 72 казни за неносење на заштитна маска

72 казни за неносење на заштитна маска

Сподели

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-1, Струга-9, Кичево-1).

Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 161 лице (Охрид-57, Струга-86, Кичево-18). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 82 контроли (Охрид-37, Струга-34, Кичево-11). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 94 лица (Охрид-25, Струга-28, Кичево-8, Дебар-33). Врз овие лица, извршени се 61 контроли (Охрид-19, Струга-19, Кичево-3, Дебар-20). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 61 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-23, Струга-06, Кичево-22, Дебар-10). Во истиот период, полициските службеници констатирале 126 прекршоци за не носење на лична заштита на лицето (Охрид-72, Струга-20, Кичево-18, Дебар-16).

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK