Пон07132020

Последна промена11:17:16 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Вонреден состанок на Кризниот штаб на Охрид

Вонреден состанок на Кризниот штаб на Охрид

Сподели

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваше и Раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид

.На состанокот беа донесени следните заклучоци.Поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од Корона вирусот „Ковид 19“. ❗Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.

По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.

Кризниотштаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“ ◾Да се носат заштитни маски; ◾Да се одржува потребна дистанца; ◾Да се одржува лична хигиена според препораките; ◾Да не се организираат семејни собири и други слични групирања; ◾Да се почитува во целост полицискиот час. ❗Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK