Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВИДЕО Интервју со Георгиевски: Зошто се уриваат објектите на плажите?

ВИДЕО Интервју со Георгиевски: Зошто се уриваат објектите на плажите?

Сподели

Најгорливата тема во Охрид деновиве е уривањето на објектите по плажите. 

Акцијата за уривање започна од Свети Стефан, па продолжи кон Горица трета. За сите овие прашања  прочитајте и погледнете го интервјуто со градоначалникот Констанитн Георгиески.

СР: По кој редослед започна акцијата за уривање на нелегално изградените објекти по плажите. Почнавте од средина , зошто токму таков редослед и со која динамика ќе продолжи акцијата?

Георгиески: За да немаме вакви прашања, мојата идеја беше да започне акцијата со динамички план, во кој беше предвидено отстранување  на објектите според  истекот на договорот, затоа што знаете дека сите објекти се со истечени договори. Прво да се отстранува тој објект кој најдолго време  обавувал дејност без концесиски договор. Меѓутоа тој динамички план не го усвои Советот на општина Охрид и потоа  следеше посетата на  експертите од Унеско и при нивната теренска посета се заклучи дека токму тој потег кој денеска  го отстрануваме е најизразена  урбаната трансформација на брегот на Охридското езеро. Големи бетонски ѕидови, тампон и несоодветни материја навлегување во езерото поставување на бетонски ивичњаци и се заклучи дека тој дел е еден од најзагрозените токму затоа започнавме од тој потег.

СР: Постојано напоменувате дека се нема доволно пари , од каде се сега овие средства и дали ќе имате доволно за отстранување на сите нелегални објекти на крајбрежието?

Георгиески: За да се справиме ние со целата бесправна градба потребни се многу  средтсва. Меѓутоа за да го расчистиме крајбрежието од нелегалните објекти имаме доволно средства. По првичниот тендер  склучив и анекс  на договорот околу 20 30% . Во добар дел исто така се вклучени јавните претпријатие. На пример оваа недела  расчистувањео е со јаните претпријатија и на помош ни е механизацијата од општина  дебарца. Во моментов имаме активен тендер  во износ од 4,5 милиони денари кои што треба да заврши. Така да за расчистување на крајбрежието имаме доволно,  но за отстранување на сите обејкти, кое   ќе треба да следува после расчистување на крајбрежието ќе треба да продолжиме со отстранување на објектите во НП Галичица, ќе требаат дополнителни средства. 

СР: Деновиве се расчистуваа рушевините на плажата Горица Трета што ќе биде со тие плажи оваа сеозна?

Георгиески: Да, согласно Планот за управување со културното и природното наследство на  тие плажи предвидено е да се изработи  урбанистичка документација на плажи  на кои ќе биде дефинирано да има плажи. Меѓутоа тоа ќе бидат плажи  во вистинска смисла на зборот , а не објекти со големи габарити кои навлегуваат во водата и имаат штетно влијание на самото езеро. Ќе биде дозволено поставување на монтажен шанк,  урбана опрема чадори лежалки од дрво и објект за спасителна служба. Тоа е начинот на кој што во иднина ќе се организираат плажите. Процентууалната поставеност на урбана опрема ќе биде многу помала од сега. И што е најважно работното време на плажите ќе биде до 19 часот, како во цел свет.

СР: Како ќе биде ова лето, ќе имаме слободни плажи освен оние пред хотелите  ќе се отстранат објектите ќе бидат слободни за граѓаните и по кои протоколи?

Георгиески: Согласно состојбата со корона вирусот ќе имаме протоколи кои ќе мора да се почитуваат. Оние плажи на кои ќе ги отстрануваме нелегалните објекти , паралелно ќе ги уредуваме. Денеска привршуваме на Горица Трета од утре најверојатно ќе почне носење на  речна песок на местото каде беа бетоните. Од таму изнесовме околу 2000 метри кубни градежен шут. На другиот потег добар дел од сопствениците кои имаа поставувано  настрешници, бекатони, платформи дел од нив смаи ги острануваат  за тоа сакам да ги поздравам и да се заблагодарам  за свеста и апелирам сите останати кои што  имаат такви несоодветни градби  сами да си заштедат трошоци да ги отстранат тие објекти. Точно е дека некогаш биле градени соглансо некои проекти 2008 или 2010 гоидна, меѓутоа поминати се повеќе од десет години  од тогаш а времињата се менуваат. Државата сега решила, независно дали под притисок на Унеско , дали ние самите како охриѓани кои трб да си го сакаме нашиот град решила да го развиваме крајбрежието на еден поинаков начин , на начин кој му доликува на Охрид.Треба градот да се развива,  но не може да се сложам дека туризмот на Охрид  треба да се развива со такви габаритни градби на крајбрежието.  

 СР: Што ќе биде со оние плажи на кои ги имаме најрепрезентативните туристичко угостителски објекти . Да не споменуваме имиња но знаеме сите дека има репрезенатативни објекти по плажите кои се од големо значење?

Георгиески:  При посетата на реактивната комисија на Унеско  дел од тие плажи кои се ГУП, се многу поголеми , но импактото кои тие го имаат на животната средина од оние кои во моментот ги отстрануваме  е помал. За жал правниот статус на тие објекти е подеднаков со сите  други плажи. Како и сите други обејкти кога потпишувале анекси на договорите  во еден член од договорите стои дека во капалиштето може да се стави платформа исклучиво од дрвени материјали , тоа го пишувало уште во 2012 година. Поминати се осум години  а никој не постапил дека тие платформи кои се поставени се од метал. Така да ќе мора да постапиме секаде.

СР: Градоначалник, дел од граѓаните го поздравија отстранувањето на објектите од плажите,  но дел негодуваат. Која е Вашата порака до нив?

Георгиески: Никогаш не е време за вакви непријатни работи, меѓутоа  законот важи  и во јануари и во јуни и во јули. Евидентно е дека ние сме имале намера да започнеме со тој процес уште јануари кога јас тоа го поставив на Совет , ние имавме и тендер но се случи пандемијата со корона вирусот и не можевме да го продолжиме процесот. Кога се создадоја услови ние го продолживме  процесот. Тчно е дека е сезона, но точно е и дека  ако дозволевме уште една сезона на тој начин  притисокот од јавноста и надлежните органи ќе беше уште поголем во смисла Како ние дозволуваме  тие плажи да обавуваат дејност а немаат договори. Вие многу добро знаете да сакате еден гранап да отворите потребни се документи  имотен лист или договор за закуп. Ако немате не може да се работи. Ние имавме апсурдна состојба со нерешен статус си обавуваа дејност. Точно е дека дел од тие објекти ние ги тужевме како општина и тие платија, меѓутоа тоа не е концесија  тоа е наплата по однос на тужба.

 

новинар Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK