Пон07132020

Последна промена08:01:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Петкоска: Се обврзуваме за јакнење на туризмот

Петкоска: Се обврзуваме за јакнење на туризмот

Сподели

На развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид и Македонија му е посветено посебно внимание во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Континуираното зголемување на бројот на туристи преку градење на нов модел за развој на туризмот и нови туристички понуди и форми на туризам, јакнењето на маркетинг капацитети со цел промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација и зајакнувањето на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство, се нашата главна цел и стратешки приоритет, рече на денешната прес конференција Лидија Петковска кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Се обврзуваме за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот. Во соработка со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномирани експерти во оваа област, ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација. Исто така, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор ќе изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и ќе го одредиме начинот на кој тие ќе се развиваат и унапредуваат во период од 5 години. Се обврзуваме и за воспоставување на критериуми за организација на дестинацискиот менаџмент како главен развоен продукт на туризмот, со што ќе се приклучиме кон светските движења. Практиката на издвојување на средства за финансирање на тур-операторите која се покажа како одлична мерка за привлекување на странските тур-оператори ќе продолжи и во иднина, но нудиме и нови начини на субвенционирање на целогодишен туризам и субвенционирање на недоволно развиените туристички потенцијали. Со цел мотивирање и поддршка на развојот на еколошко одговорни угостителски капацитети, предвидуваме субвенционирање на угостителските капацитети кои врз основа на соодветни критериуми би добиле статус Зелени хотели. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за привлекување на бренд-имиња во угостителството, хотелиерството и трговијата, со цел привлекување на краткотрајни посети од соседството и пошироко. Притоа, ќе вложиме напори за отворање на аутлет центар по примерот на голем број држави. Свесни дека само со квалитетна понуда, нашата земја ќе може да им конкурира на другите држави во намерата за привлекувње на што поголем број туристи, ќе востановиме стандарди и насоки за подобрување на категоризацијата на сите туристички објекти. Со воведување на алатката е-визиторс ќе ги генерираме туристичките, статистичките и економските податоци, кои се неопходни, за да ги следиме показателите за развојот, напредокот и унапредувањето на туризмот и врз нивна основа ќе ги надградуваме целите и политиките за континуиран туристички развој. Бројот 14 за атрактивен и модерен туризам! 14 - за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот! 14 - за континуиран туристички развој на Охрид и Македонија! 15 јули - за коренита Обнова на Македонија!, Рече Петкоска.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK