Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Портрет: Запознајте го Кирил Пецаков, кандидат за пратеник од Вмро Дпмне

Портрет: Запознајте го Кирил Пецаков, кандидат за пратеник од Вмро Дпмне

Сподели

Портрет:  Запознајте  го  Кирил Пецаков , кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ  од Охрид.....

 

Доктор Кирил Пецаков, познат и докажан кадар на ВМРО ДПМНЕ,  прилично млад , но со плодна и успешна политичка кариера. Почнувајќи од  Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ се` до  член на највисокото тела на раководство.

Триесетипетгодишниот Кирил Пецаков е роден во Охрид,   дипломиран стоматолог,  денес на чекор до специјализација. Моментално вработен во итната стоматолошка служба во Здравствениот дом во Охрид.

Веќе седум години среќно оженет  со д-р  Билјана Пецакова, која е исто стоматолог ,  специјалист орален хирург. Имаат едно малолетно дете, а на пат е и второто.  

Детството, основното и средното образование му минале во Охрид, на студии по стоматологија заминал во Скопје.

Главното хоби му  бил  спортот се` додека не се повредил,  па сега љубовта кон спортот ја чува гледајќи натпревари.  Во слободното време ужива да чита книги и тоа од авантуристички жанр, мистерија и драма.

Најдрагоцено за него е времето поминато во прегратките на семејството, кое за жал поради кампањата овој период е навистина кратко. Па затоа секој миг го користи за дружба со синот.

-„Кога немам обврски со политиката и кога ќе завршат работните обврски , најголемиот дел од слободното време се трудам да го посветам на семејството. Од таму ја црпам целата позитивна енергија, мир, хармонија ги полнам батериите. Во прегратките на синот Стефан исчезнуваат сите нервози, сите предизвци заминуваат во втор план“, вели Пецаков за Охриднет.ком.

За својата политичка кариера нескормно може да се пофали дека е плодна и повеќе од успешна. Ја започнал на само 14  години како член на  Унијата на млади сили, ги искачил сите скалила во партијата,  минувајќи безброј  предизвици и премрежја.

-Од мои 14 години бев дел од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Од потпретседател на месен комитет, член и потпредсетаел  на општински комитет,  член на Извршен комитет на Унија на млади сили, претседател на Унијата на млади сили за денес гордо  да бидам дел од највисокото раководство на партијата како  член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, вели Пецаков,  кој важи  за  најмладиот член и  на Советот на општина Охрид , каде е  познат по честите дискусии и конфронтации со своите политички опоненти.

Охрид за него е највредното и најскапоценото богатство, не го дава  за ниедно место на светот, токму тука планира да ја гради својата иднина,  но и иднината на неговите деца. Првото нешто што сака да го промени  е да го  спречи иселувањето на младите.

-„Се соочуваме со иселување, тоа мора да го промениме. Првично да се најде начин да имаме 12 месеци туризам на брегот на Охридското езеро преку субвенционирање на програми и тур оператори надовр од летната сезона. Мора да го промениме системот наречен држава , да почуствуваат младите дека има правила, закони, прописи и начин на кој треба да функционира државата. Клучен проблем  е недовербата во институциите и системот што е еден од факторите за масовното иселување на младите.Потоа мора да работиме на отворање на работни места за младите. Со веќе постоечките капацитети ОДВ и Костал придонесовме за нови вработувања“ , вели Пецаков.

Секојдневно е  посветен на средби со пријатели, роднини, соседи.... Вели на тој начин се обидува  да го слушне  гласот на обичниот човек, да помогне , да ги исправи неправдите........

-Секој ден го користам да го поминам  со блиски пријатели и другари. Таков ми е стилот на живеење како личност. За мене дружбата  првично мене ме исполнува,  но и добивам сигнали и совети  од граѓаните. Ги слушам нивните чести поплаки кои најмногу се однесуваат на иселување, правда, здравство,  образование....Разговараме и за туризмот како да ги подобриме состојбите  во  угостителството и хотелиерството. Имам средби  со сите чинители на стопанството,  вели Пецаков.

Извршувајќи ги политичките задачи, во ниеден момент не ја изоставил љубовта кон професијата. Навреме го  завршил факултет, државен испит и лиценца но ја продолжил својата доедукација.

-„Мојата професија не е наследна, беше мој личен избор во што ме поддржаа родителите. Татко ми е машински инжинер, мајка ми е службеник во Медицински центар Охрид. Паралелно со политиката во себе ја носам и љубовта кон стоматологијата.  Навреме завршив се` во однос на студии, се вработив и продолжив со едукација. Во изминатите три години јас бев специјализант на Клиниката за стоматологија во Скопје за детска и преветивна стоматологија, веднаш после изборите ќе закажам специјалистички испит“, вели Пецаков.

Кирил во градот важи за позитивен, секогаш насмеан, срдечен и народен човек.  Во следните четири години се гледа себе си како дел од новиот парламент , каде ветува дека силно ќе се бори за интересите на Охрид и охриѓани.

-„Јас сум професионално реализирана личност , политиката е важен дел од мојот живот, но после четири години се гледам себе си максимално посветен во мојата професија. Секако ќе продолжи и мојата политичка кариера ќе се трудам да придонесам и за партијата и државата“, додава Пецаков.

Пецаков  ги повика охриѓани масовно да излезат на гласање.

„Мојата порака до охриѓани  би била масовно да излезат на 15 јули да го искажат својот револт за ненародното и непринципиелното владеење на СДСМ во изминативе три и пол години , за нашата земја  да чекори напред за подобар живот на сите“, порача Пецаков.

 

Новинар Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK