Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Од охридскиот аеродром се лета кон седум дестинации

Од охридскиот аеродром се лета кон седум дестинации

Сподели

 После три и пол месечна пауза, поради корона пандемијата,  се враќаат летовите на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.

На самиот старт денес има два летови од Цирих и Милано. Според распоредот  на охридскиот аеродром утре има лет  за Базел, а задутре од Лондон и Малме.

 На 4   јули  повторно се враќаат редовните  линии на Визер за Виена и Дортмунд , а  на 5 јули со полската  компанија Лот стартува планираната  авио врска Охрид Варшава. За почеток се воспоставуваат  вкупно седум дестинации.

Отворањето на границите и аеродромите во земјава е нова надеж за спас на туризмот во Охрид.

- „Ние оваа година гледаме да ги извадиме  трошоците реални кои ни се во ндустријата и да можеме да прежиевееме.  Цените ќе бидат намалени не се зборува тука  за цени од минатите години ќе бидат намалени општо од  пет ѕвезди па надолу и ќе бидат прифатливи за домашните гости., изјави Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Патувањата со авионски превоз ќе се одвиваат под строго утврдени протоколи за спречување на ширењето на корона вирусот. Патниците треба да пристигнат на аеродромот 3 часа порано, а во терминалната зграда ќе влегуваат сами без фамилиите кои ги испраќаат или пречекуваат. На сите патници на влезот ќе им се мери телесната температура. Седиштата во чекалните на аеродромот се посебно обележани, со цел да се овозможи соодветно физичко растојание за патниците.

За безбедноста на патниците чистењето и дезинфекцијата на сите области на аеродромот ќе бидат зачестени, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена. Насекаде низ терминалната зграда се поставени диспанзери со средство за дезинфекција на рацете достапно за патниците.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK