Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во бифето на ФТУ македонска, кинеска, француска, италијанска храна....

Во бифето на ФТУ македонска, кинеска, француска, италијанска храна....

Сподели

Група гости во Охрид, повеќе денови, сакаат секој ден да бидат послужени со храна од разни интернационални кујни, притоа надополнето со детали карактеристични за таа кујна, музика карактеристична за земјата од каде потекнуваат тие јадења, и сето тоа надополнето со врвна услуга, перфектен однос од персоналот и врвни готвачи... И сето тоа во Охрид... Ви изгледа невозможно?!

За студентите од факултетот за туризам и угостителство од Охрид нема невозможни работи, а гостите од културниот центар Медиа Артес, кои пет денови во просториите на ФТУ работеа на тема " Употреба на уметноста каде што тешко е да се зборува" размена меѓу уметници кои работат во социјалната област имаа чест и задоволство да го доживеат тоа. Сето ова беше организирано од Проф.Др. Ангела Василеска и вредните студенти. Гостите имаа можност да вкусат специјалитети од Македонската, Кинеската, Мексиканската, Француската и Италијанската кујна. Инаку бифето почна и со кетеринг услуги по доста пристапни цени.

 

 

 

подготви Тони Павловски

студент на ФТУ Охрид

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK