Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пецаков најавува нов закон за спорт

Пецаков најавува нов закон за спорт

Сподели

Занимавањето со спорт и спортски активности помага во создавањето на трајни вредности во развојот на личноста и социјализацијата, позитивен и здрав спортски начин на живеење, едукација за правилна исхрана, запознавање со важноста на физичката активност, воспоставување на спортска култура, меѓу другото и основа за превенција од сет на здравствени заболувања, рече на денешната прес конференција Кирил Пецаков кандидат за пратеник од Охрид. 

 

-Клучни стратешки определби во проектот Обнова на кои се обврзуваме: Измена и дополнување, а потоа и носење на комплетно нов Закон за спорт, а истовремено измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, во насока на зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот. Воспоставување на современа спортска медицина. Мерка „Спортски денар” – одвојување на 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот. Изградба на Национален центар за спорт и бази за спортски подготовки. Нови сместувачки капацитети за ученици и студенти од областа на спортот.

ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува за унапредување на училишниот и универзитетскиот спорт. За развој на училишниот спорт преку проектите: Унапредување на квалитетот на часовите по физичко образование; Реконструкција на објектите и обезбедување на соодветни реквизити; Континуирано усовршување на спортскиот наставен кадар; Унапредување на системот на натпреварување во училиштата. За развој на универзитетскиот спорт комплетна реорганизација и финансиска поддршка на истиот, рече Пецаков. 

Остварувањето врвни резултати ќе го поттикнеме преку подобрување на мерката за ослободување на дел од данокот на добивка на приватните компании.

-Квалитетот и унапредувањето на спортската инфраструктура би се одвивал со посебна цел – секоја општина да има своја спортска сала, а секое училиште услови за реализација на спортски активности. Конкретните проекти опфаќаат: Реконструкција на постоечките спортски објекти, нивно надградување до определени стандарди; Изградба на затворени спортски сали, спортски игралишта, отворени кошаркарски игралишта, повеќенаменски игралишта и атлетски патеки; Изградба на повеќе мини базени во рамките на постоечките објекти и училишта. Ќе се залагаме за развој на водените спортови во Охрид.

Унапредувањето на здравствената заштита во областа на спортот ќе се одвива преку истражување на моменталната слика на здравствената состојба на младите и современа спортска медицина, со современа апаратура и стандардизирани спортски медицински прегледи.

На 15 јули да одбереме обнова со која директно и успешно се помага развојот на спортот.

Бројот 14 за поттикнување и унапредување на спортот!, додаде Пецаков. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK