Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Народна: ДПМНЕ ќе биде запаметена како најнепатриотска партија

Народна: ДПМНЕ ќе биде запаметена како најнепатриотска партија

Сподели

Во последниот период многу прашина се крена околу ректорот на државниот универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Нинослав Марина.

Поради конфликтот со ректорот на дел од вработените на овој универзитет, од работа беше отпуштен дел од наставниот кадар. Во јавноста протекоа документи од кои јасно се гледа незаконската постапка за избор на ректор на овој универзитет, но овој пат ВМРО – Народна партија нема да навлегува во законската регулатива туку ќе ја гледаме идеолошката страна, стои во писменото соопштение на ВМРО Народна од Охрид.

Имено, Нинослав Марина е син на веќе лустрираниот судија на Ченто, Панта Марина. Пред извесно време лустраторната комисија ги лустрираше него, Коле Чашуле и Лазар Мојсов за експресната пресуда со која го испратија во затвор еден од најголемите дејци на македонската историја.

До кога ДПМНЕ ќе ги фаворизира во општеството и ќе ги назначува на функции дирекните потомци на најголемите предавници на македонскиот народ?! Дали со таквите потези јасно дава до знаење дека на ја почитува историјата на Македонија, дека не ги почитува оние кои се бореле за она што го имаме ние денес односно незавизна држава?! За жал, ДПМНЕ, онаа новата партија од 2003 година па наваму, ќе биде запаметена како најнепатриотска партија во историјата на Република Македонија, обвинуваат од ВМРО Народна Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK