Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Портрет: Запознајте ја Лидија Петкоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Портрет: Запознајте ја Лидија Петкоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Портрет: Запознајте ја Лидија Петкоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ

 

 Лидија Петкоска има 41 година, родена е во Охрид ,целиот живот го минала во родниот град, тука се образовала  и навреме дипломирала на Факултетот за туризм и угостителство. Потекнува од приватниот бизнис, поседуваат успешна семејна компанија цели 26 години.

Од 2015 година била вработена во Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, но во 2019, како што вели поради политички причини го изгубила работното место за што се` уште е на суд.

Политички изградена личност , 12  години  активно ги посветила на матичната партија - ВМРО ДПМНЕ.

-„Целата моја енергија ја вткаив како партиски активист. Ги искачив сите партиски скалила, кој според мене треба да ги мине секој кој што себе си би се нарекол активист на ВМРО ДПМНЕ. Почнав како секретар на Месен комитет, преку координатор на Избирачко место, секретар на Унија на жени на ОК, претседател на Унија на жени, денес актуелен советник,  членувам во две комисии  централни за економија и туризам и локална самоуправа. И еве денес кандидат за пратеник“, вели Петкоска.

Среќно омажена,во брак  цели 20 години, мајка на две деца 19 годишен син студент на Музичка академија и 13 годишна ќерка. Семејството за неа е најскапоценото богатство.

-„Семејството  е изворот на мојата безгранична енергија. Секој миг посветен на моите деце е бесценет Имам голема поддршка од мојот сопруг и од мојата мајка. Бескрајно им сум благодарна, кога имам ангажмани, особено сега во кампања тие  ја надополнуваат мојата љубов. Без нивната помош, трпение и разбирање немаше да бидам ова денес“, вели Лидија Петкоска за Охриднет.ком.

Во слободно време ужива да чита и пишува секаков вид на литература,но пасија и е детската литература. Автор е на повеќе детски творби.

-Децата се најискрени читатели. Авор сум на повеќе детски творби,  на песнички и раскази во детско списание. Мои текстови на песни се објавени во книги, сум пишувала и тесктови за детски музички фетсивали . Сакам да ишувам  и колумни, да споделувам мои мислења и ставови“, вели Петкоска.

Како партиски активист постојано е меѓу сограѓаните, вели најголемо задоволство е да се чуе нивниот глас и да им се помогне во решавањето на проблемите.

-Најсреќна сум кога ќе ги сослушам нивните проблеми, кога ќе успеам да им помогнам и бидам причина за нивната насмевка. Не секогаш успевам да помогнам,  но доволно е да им се посвети внимание и да се сослушаат нивните проблеми“, раскажува Петкоска.

 Прво што би променила во Охрид е намалување на иселувањето  на младите.

-„Има многу проблеми, но најмногу ме боли иселувањето. Младите треба да ги мотивираме, да го развиеме кај нив претприемачкиот дух. Треба да го промениме целокупниот систем образованието да ги оспособува да се вработат и да опстојуваат од сопствената диплома. Да имаат правна сигурност и да им ја вратиме довербата во институциите“, вели Петковска.

Охрид го доживува како свој дом, најубавото и најтоплото катче  на светот , кое  и` ја грее душата и и го исполнува срцето со љубов и енергија.

-„Охрид за мене е дома, онаа дома каде се чувствуваш најбезбедно, најсигурно и најтопло. Онаа дома која не би ја менувала за ништо на светот. Токму затоа ќе се борам Охрид да биде уште поубаво место за живеење“, вели Петкоска.

Вистински предизвик е да  се биде успешна мајка,  но и жена  политичар, особено во светот на мажите.

-„Не е лесно да се ускладат сите обврски кои ги носи семејството, работата и партиксите активност, но со поддршката на семејството успевам. Моето катче за мир се моите најблиски пријателки кои се изворот на мојата позитивна енергија. Тие се секогаш тука за мене да ја споделиме секоја радост и тага и да ме охрабрат. Најголемиот херој за неа е нејзината мајка“, вели Петкоска.

Лидија во градот важи за пријатна личност, која ужива углед и доверба кај граѓаните особено кај жеската популација. Таа ги повика охриѓани на 15 јули да и` дадат поддршка .

-Она што сакам да им го порачам на граѓаните и покрај пандемијата да се охрабрат и да излезат на 15 јули да дадат поддршка за Обнова на Македонија, затоа што ниту едно зло не може да биде поголемо од актуелната власт“, повика Петкоска.

автор Соња Рилковска 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK