Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Бакраческа: Нашата визија е младите да ја градат иднината во Охрид

Бакраческа: Нашата визија е младите да ја градат иднината во Охрид

Сподели

Младите се иднината на Македонија врз која треба да се потпреме. Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање на општествени услови младите да ја градат својата иднина во Охрид и Македонија, рече на денешната прес конференција Грација Бакраческа кандидт за пратеник од Вмро Дпмне. 

-Со проектот Обнова се обврзуваме на обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за период од 4 години и младите активно да учествуваат во донесувањето одлуки.
Нашата цел се стимулативни мерки за вработување на младите и затоа во текот на четиригодишниот мандат обезбедуваме финансиска поддршка за вработување млади лица реализирана преку:
Ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра;
Шанса плус – компаниите кои ќе вработат ученици кои по завршувањето на средно стручно образование нема да продолжат со студиите, ќе добијат олеснувања и ослободувања за одреден период;
Месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години кои се невработени подолго од 24 месеци, а се од семејства во социјален ризик; и Загарантирана работа на 500-те најдобри студенти од државните универзитети.
Се обврзуваме на проектот 4 милиона евра за претприемачка иницијатива на млади за отворање на сопствен бизнис, рече Бакраческа. 

Млади земјоделци ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка до 20.000 евра врз основа на приложен бизнис план.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на донесување Закон за младинска работа.
Младите мора да имаат активно учество во процесите кои ги засегаат. Затоа предлагаме проекти за зајакнување на претставувањето на младите на локално и централно ниво и тоа формирање на младински и ресурсни центри, како и поддршка за функционирање на локалните младински совети и национално собрание на млади.
Подобрувањето на професионалните вештини на младите ќе се одвива преку организирање обуки за дигитални вештини, кариерно советување и уште многу различни обуки за личниот развој.
Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи функционирање на електронска платформа за млади, која ќе ги содржи сите информации во врска со кариерен и образовен развој на младите.
14 за активни млади кои учествуваат во донесувањето одлуки.
14 за силна и масовна поддршка на младите!
14 затоа што младите се нашата иднина!
На 15 јули енергијата на младите ќе ја донесе Обновата на Македонија!, подвлече Бакраческа. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK