Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Француската агенција за развој ќе ја помага заштитата на Студенчишкото блато

Француската агенција за развој ќе ја помага заштитата на Студенчишкото блато

Сподели

Викендов, амбасадорот на Франција оствари средба со  Драгана Велковска, од граѓанската иницијатива Охрид SOS. Тие зборуваа за влошувањето на состојбата со Охридското Езеро, особено со Студенчишкото Блато.

-Зачувувањето на Студенчишкото Блато и насочување средства за негов одржлив развој е врвен приоритет. Претставничката на Охрид SOS ја истакна стручната работа што Охрид ЅОЅ ја спроведе заедно со IUCN (Меѓународната унија за зачувување на природата) и со којашто УНЕСКО се служеше за да ги подготви своите препораки до македонските власти. Амбасадорот целосно ги поддржа целите на граѓанската иницијатива, како и локалните и владините мерки што мора да се преземат во насока на вистинска заштита на охридскиот регион. Тој ја искажа подготвеноста на француските власти да соработуваат во зачувувањето на биолошката разновидност во Северна Македонија. Предвидени се партнерства помеѓу невладини организации, со поддршка на Француската агенција за развој, информираат од Француската амабасада. 

-ОхридЅОЅ од своето формирање до денес непрекинато се залага за одржлив развој на регионот кој подразбира социјална и еколошка правда преку почитување на законите, рационално управување со ресурсите и создавање високоплатени зелени работни места. Само на тој начин ќе ја гарантираме заштитата на нашето единствено светски признато наследство и одговорно ќе им го пренесеме на идните генерации, велат од Охрид ЅОЅ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK