Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид За два дена, две тешки сообраќајки на патот Охрид-Кичево

За два дена, две тешки сообраќајки на патот Охрид-Кичево

Сподели

Во две одвоени тешки сообраќајки, двајца задобиле тешки повреди. Вчера и денеска, кај Подмолје и Требеништа се случиле тешки сообраќајки во кои, две лица биле тешко повредени. Тие биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“. Како што информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, утрово во 01.15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Рено Мастер“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Х.З.(33) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот по што, бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид. Портпаролот Димоски, изнесе информации и за сообраќајната незгода што вчера во 08.25 часот, се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Подмоље, во која, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(29) од Охрид излетало надвор од коловозот.
- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Л.(22) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот. Двајцата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, изјави Димоски. Тој упати апел до возачите на моторни возила и до другите учесници во сообраќајот, крајно внимателно и одговорно да се однесуваат и да придонесат за зголемена сообраќајна безбедност.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK