Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ниедна казна за неносење маска во Охрид

Ниедна казна за неносење маска во Охрид

Сподели

За првпат од почеток на пандемијата, во Охрид нема казнети граѓани.

Како што информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, во изминативе 24 часа, нема казнети граѓани во Охрид, за неносење заштитна маска. Тој го искажа задоволството од овој податок и посебно нагласи дека и понатаму е потребно доследно придржување на законската потреба за носење заштитни маски како најдобра превенција од Корона вирусот.
- Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 30 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Струга-09, Кичево-18, Дебар-3). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, изјави Димоски.


Димоски нагласи дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 08 контроли врз угостителски и други објекти.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK