Вто08042020

Последна промена03:26:05 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во недела хиротонисување на Владиката Партениј

Во недела хиротонисување на Владиката Партениј

Сподели

На 11 јули, сабота, со почеток во 18:00ч, во Свештената, Бигорска Обител ќе се изврши наречението за епископ на нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, известуваат од Бигорскиот манастир.

Следниот ден, во недела, на празникот на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 08:30ч ќе биде отслужена празнична Божествена Литургија, на која Старецот и игумен ќе биде хиротонисан за епископ Антаниски. Ве покануваме и вас, возљубени, да бидете дел од големото торжество, за сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос, да му испрати благодатни сили на нашиот духовен татко, та да може достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба. Воедно ги замолуваме сите присутни поклоници и посетители совесно да се придржуваат на сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание. За таа цел, за присутните посетители ќе бидат обезбедени посебни заштитни маски, а ќе биде ангажирана и високопрофесионална агенција за обезбедување, којашто ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на социјалната дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид, кој е веќе информиран за настанот. Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број на присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, во Бигорски и во Охрид ќе бидат обезбедени надворешни видео-екрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. За во Охрид се предвидени три видео-екрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето на поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот. Истовремено ве известуваме дека по повод многу значајниот за нас настан, на ден 12 јули, недела, Бигорскиот Манастир ќе биде затворен за посетители до 13:00ч. Во очекување на вашите молитви, остануваме со вас во љубовта Христова!, стои во соопштението на Бигорскиот манастир.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK