Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Величествена хиротонија на Владиката Партениј

Величествена хиротонија на Владиката Партениј

Сподели

Игуменот на Бигорскиот манастир,Архимандритот  Партениј, денеска хиротонисан за епископ Антанински.

 Во катедралната Света Софија во присуство на црковниот врв на МПЦ ОА и голем број државници од рано утринава  започна празничната Божествена литургија.  Владиката Партениј  во својата емотивна  беседа рече неговиот живот и мисија ќе продолжат во манастирот, кој од денеска станува епископско седиште.

-„Монашкиот живот за мене останува врховен животен призир. Се`добирот Бог  ме удостоил со едно прекрасно христоподобно монашко  семејство со моите браќа сестри монаси и монахињи кои всушност се мојот живот мојата сила , најкратко кажано тие се моето се`  , изјава Владиката  г. Партениј.

„Продолжи да градиш и да надградуваш дела со трајни вредности, дела  за слава на Бога и дела спасоносни  за нашиот народ. За да можеш што појасно да ја сведочиш евагелската вистина и на верните да им служиш како пример во словото“, порача г.г Стефан.

Верниците  со голема радост  велат новиот Владика е повеќе од достоен  бидејќи тој е познат по  градењето на мостови на љубовта, милосрдие,  доботворност и хуманост.

-Познавајки го цели 14 години јас но и многумина други сведочиме како партениј го менува светот кон подобро, му дава еден мирен радосен и љубовен лик неговото милосрдие и љубов ги надминува човековите граници, вели една верничка.

-Особена чест ми е да сум овде на овој голем празник, присутна на овој голем чин кога драгиот отец Партениј го назначуваат за Владика, епископ Антанински. За среќа мојот единствен и најголем адут што ме врзува со отец Партениј е љубовта и во име на таа љубов му посакувам многу здравје и радост, вели една верничка.

-Чувствувам голема  радост затоа што отецот Партениј има  посебен дел во моето срце го чувствувам како многу близок и не случајно Бог благослови тој денес да стане Владика заради неговите бројни дела и мисија, вели еден верник.

-Партениј е перфекционист, тој е љубител на доброто на животот јас би го нарекол  отец на љубовта. Би се  рекло дека тој доследно ги исполни зборовите од евангелието кој сака да биде прв или поголем меѓу Вас нека Ви служи  како што Христос дојде не да му служат туку да му псолужи на народот, вели  Влатко деловски етнолог и културолог по книжевност.  

Токму на  големиот празник Петровден посветен на Светите Апостоли Петар и Павле, мегу кои Петар се смета за првиот епископ на Христовата црква, МПЦ симболично добива уште еден епископ, Владиката Партениј.

Заради почитување на здравствените препораки глемиот број верници  со заштитни маски настанот го следеа на отворено на   три видео бимови преку преносот на МТВ.

 

 

 

Кратка биографија на Владиката Партениј

Уште од своето доаѓање во Бигорскиот манастир, отец Партениј енергично се посветува на севкупната обнова на ова големо светилиште, после долгиот период на негова духовна замреност и материјална запустеност. Целосно се вложува себеси во делото за враќање на некогашното достоинството на бигорското светилиште. Како плод на таа посветеност, во 2001 година, потполно е возобновен и духовно заживеан и манастирскиот метох – женскиот манастир посветен на Св. Георгиј Победоносец во с. Рајчица. Паралелно со обновата на Бигорскиот манастир и на неговиот метох во Рајчица, Архимандритот Партениј се зафаќа и со нови градежни потфати, меѓу кои: дрвениот храм посветен на Св. Серафим Саровски, изградбата на храм во византиско-македонски стил во с. Ростуше, посветен на Пресвета Богородица, како и на новиот манастирски метох „Св. Кирил и Методиј“ во с. Битуше.Во 2016 година, со благослов и во соработка со неговиот надлежен Митрополит, Тимотеј Дебарско-кичевски, тој го возобновува монашкиот живот во уште еден голем македонски духовен центар – Манастирот Пречиста Кичевска, каде испраќа шест монахињи од Рајчица, негови духовни чеда, а исто така го продолжува и монашкиот живот во Кнежинскиот манастир.
Покрај градежните потфати на Архимандритот Партениј, особено значење има неговата силно развиена духовна и општествена мисија, во текот на изминатите две и половина децении. Како искусен духовен раководител, тој со својата духовничка дејност им помогнал на многу души од Македонија и пошироко, да најдат утеха, спокој и решение на животните проблеми. Позната е и неговата хуманитарна дејност, која се состои од помош на лица на кои таа им е најпотребна.
Особено е значајна мисијата на Архимандрит Партениј за помош на лица, пред сѐ од помладите генерации, кои западнале во пороците на наркоманијата, алкохолизмот, коцкањето и сл. Стотици млади луѓе, без разлика на нивната верска, национална и социјална припадност, со помош на отец Партениј, не само што успеале да се ослободат од канџите на зависностите, туку и целосно да се рехабилитираат и ресоцијализираат и така да станат полезни членови на општеството.
Познат како човек на мирот и на почитта кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и социјална припадност, Архимандрит Партениј ги издигна Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица во вистински центри на соживот во реканскиот крај од Македонија.
Името на отец Партениј повеќе години се наоѓаше на листата на кандидати за епископи на МПЦ-ОА, а пред петнаесетина години нему му било предложено да стане митрополит на Повардарската епархија, достоинство коешто тој го одбил, со образложение дека не сака да го напушти Бигорскиот манастир и мијачкиот крај, за чиешто заживување го вложил сиот свој живот.

Отец Партениј станува владика во годината кога Бигорскиот манастир слави 1000 години од неговото основање во 1020 година.

 

 

 
 
02.6.2020 18:28
 
кј е другото ноѕе хахаахахх
 
 
 
 
<img src="https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tc/1/32/1f923.png" border="0" alt="
  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK