Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Станарите на кои без основа им се запленуваат становите бараат решавање на проблемот

Станарите на кои без основа им се запленуваат становите бараат решавање на проблемот

Сподели

Насилно ќе се иселуваат неколку охриѓани од становите за кои имаат уредни документи за купопродажба. Сопствениците на пет станови од зградата на улица „Карпош Војвода“ изградена од АДГ „Трудбеник“ од Охрид, поради нерешени односи на инвеститорот со Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор,  сега се соочуваат со можна заплена на сопствените становите.

 

За проблемот разбрале, кога им било одбиено барањето за издавање имотен лист, со образложение дека нивните станови се на листа на Агенцијата за  станбен  и деловен простор за присилна наплата на долг од  Трудбеник.

Станарите бараат решавање на проблемот.

- Становите се платени во 2009 година  за кои што има уредни документи и сега едноставно само таму не било прибележано во катасстр дека се продадени , изјави Мирјана Бачич сопственик на стан.

- Моментално ние сме на улица сега откако ни ја направија оваа цела ситуација, изјави Румен Цветаноски од Охрид.

- Не може да се врши наплата на некој должник преку нас што сме ние должни да плаќаме туѓи долгови кога се работи за наша сопственост нека си ги решаваат тие долговите меѓусебе  изјави Александар Бачич сопственик на стан.

Основниот долг  на Трудбеник кон државната Агенција изнесува  7 милиони денари.  Од АДГ Трудбеник велат за долгот се уште се води судски спор.

- Ние оваа пресуда ја имаме обжалено значи се уште процесот трае и се наоѓа во ревизискиот суд во Скопје сметаме дека имаме законски елементи да биде во наш прилог ,изјави Ацо Спироски  директор на АД Трудбеник.

Од Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор велат – “основен интерес ни е наплата на долгот затоа и ангажиравме извршител, незнаејќи тој каков имот ќе заплени”.

И покрај судската забрана извршителот да постапува , тој продолжил со заплена обивање на становите и менување на бравите. Сопствениците на становите сега  по судски пат треба да ја докажуваат неоспорната сопственост, за која поседуваат уредни документи.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK