Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Српските полицајци од мешаните патролни служби беа на прием во општина Охрид

Српските полицајци од мешаните патролни служби беа на прием во општина Охрид

Сподели

Заменик градоначалникот на Охрид , Ангел Јанев денес ги прими двајцата српски полициски службеници на заминување, Далибор Видевски и Миљан Групковиќ, кои во период на Новогодишните, Божиќните и Богојавленските празници беа дел од мешаните полициски патроли во градов.

Двајцата полицајци од соседна Србија, презадоволни од работниот ангажман во Охрид, но и од гостопримството и одличниот прием од македонските колеги и охриѓани , велат повторно би се вратиле да работат во Охрид кој според нив е мирно место за живеење но и еден од најубавите градови кои до сега ги посетиле. Мешаните патролни служби составени од македонски и српски полицајци прв пат профункционираа минатото лето, кога во две групи на служба во Охрид доаѓаа по двајца службеници од Србија. Денешната група на заминување беше дел од мешаната полициска патрола која за прв пат кај нас дејствуваше во зимскиот период. Наредните мешани полициски патроли се очекуваат на почетокот од наредново лето.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK