Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Грозданов: Агенцијата не смее да ги ослободи становите се додека не го наплати долгот од Трудбеник

Грозданов: Агенцијата не смее да ги ослободи становите се додека не го наплати долгот од Трудбеник

Сподели

Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор е подготвена да им излезе во пресрет на сопствениците на запленетите станови во Охрид, но нема  да ги ослободи становите.  

Директорот  на Агенцијата Цветко Грозданов денеска од Охрид кажа дека  ќе се бара заедничко решение за наплатата на долгот од Трудбеник во вредност од седум и пол милиони денари. Токму заради овој долг Агенцијата заплени пет станови  во сопственост на граѓани кои чесно ги купиле од Трудбеник.

-  Би сакал да ги убедам граѓаните  кои што се засеганати во овој проблем дека тенденцијата не ни е граѓаните да останат без дом осносно без покрив над глава.  Во текот на денов и утре ќе се обидам да остварам уште една средба со сопственикот на Трудбеник за да изнајдеме заедничко решение, изјави Цветко Грозданов директор на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор.

Како единствен имот на името на АДГ Трудбеник биле пронајдени петте станови, кои фирмата  ги продала уште пред четири години. Единствената   грешка на сопствениците е што  не извадиле имотен лист.

- Согласно законот ние немаме  никаква допирна точка со граѓаните кои што на чесен начин си ги купиле становите се вселиле и живеат во нив. Но би сакал да апелирам до нив и тиа да разговараат со сопственикот на Трудбеник  кои што им ги продал становите   и да му укажат да го подмири дологот, изјави Грозданов.

Агенцијата нема да ги ослободи запленетите станови, се додека не го наплати побарувањето од Трудбеник а граѓаните , кои чесно ги купиле становите сопственоста ќе мора да ја докажуваат на суд.

 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK