Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид СДСМ повторно обвинува за политички реваншизам врз вработените во општината

СДСМ повторно обвинува за политички реваншизам врз вработените во општината

Сподели

Политичкиот реваншизам, што веќе неколку месеци бескрупулозно и срамно го спроведува ВМРО- ДПМНЕ врз дел од вработените во локалната самоуправа, деновиве кулминира со целосно неправедно и несоодветно оценување на државните службеници, обвинуваат од О.О. на СДСМ Охрид.

 

Партиското изживување и малтретирање во администрацијата започна веднаш по промената на локалната власт, со измена на систематизацијата на работните места, со доделување на нови решенија и со прераспоредување на несоодветни работни места на неистомислениците. Истовремено, нови партиски војници од ВМРО- ДПМНЕ почнаа масовно работно да се ангажираат во општината, иако новата локална власт цело време се жалеше за наводна гломазна, неефикасна и превработена администрација. Единствената задача на довчерашните партиски потрчковци и лепачи на плакати од ВМРО-ДПМНЕ, а сега незаконски поставени одговорни лица, е да ги шиканираат, малтретираат и заплашуваат оние што не мислат како ВМРО- ДПМНЕ. Пред само две седмици градската власт незаконски се пресмета со десеттина политички неистомисленици, што сосема неоправдано и беспотребно беа префрлени во целосно несоодветни просторни и технички услови во с. Косел, под секакво професионално и човечко достоинство. Иако според членот 22 од Законот за државни службеници работниците без нивна согласност можат да бидат распоредени надвор од местото на живеење само во случај на вонредни околности - природни непогоди, епидемии или полави - и тоа не подолго од три месеци, градските власти, спротивно на законските одредби, им поделија наредби на политичките неистомисленици за нивно прераспоредување во Косел, без било какво издржано образложение или објаснување. Единствената причина за таквото непрофесионално однесување беше политички реваншизам и партиска осветољубивост врз оние што не се ВМРО- ДПМНЕ.

Таквата низа на активности на класичен мобинг врз дел од вработените продолжи со партиско оценување на државните административци од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да бидат доделени оценките врз основа на законски определените критериуми од резултатите од работата и личните квалитети на работниците, најодговорните лица во локалната самоуправа оценувањето го направија исклучиво врз основа на субјективно партиско размислување и нескриена намера за политичка пресметка со политичките опоненти. Притоа, каква ли коинциденција, добрите оценки се резервирани за партиските војници и послушниците од ВМРО- ДПМНЕ, а на останатите, што не влегуваат во оваа категорија, им се даваат ниски, незадоволителни оценки, ускратувајќи им го правото за напредување во кариерата, односно заканувајќи им се со бркање од работа. На тој начин ВМРО-ДПМНЕ врши ужасна, непрофесионална и нехумана селекција и поделба на вработените во општинската администрација, на наши и ваши, на подобни и неподобни, на послушници и противници. Професионалците и чесните работници, ни криви ни должни, страдаат на своите работни места само поради јакиот порив на раководството на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид по секоја цена да се пресмета со сите што не мислат и не делуваат според диктатот и режимот на ВМРО- ДПМНЕ. ОО на СДСМ Охрид предупредува дека ВМРО-ДПМНЕ во Охрид на тој начин само придонесува да се создаде зла крв помеѓу луѓето, што крајно не може да донесе никому ништо добро. Напротив, може само да ги продлабочи револтот, омразата и нетрпеливоста помеѓу довчерашните колеги и соработници, што веќе наголемо се чувствуваат на секој чекор по општинските сектори и одделенија, стои во писменото соопштение на СДСМ Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK