Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Општина Охрид: Локалната власт работи согласно законот и во интерес на граѓаните

Општина Охрид: Локалната власт работи согласно законот и во интерес на граѓаните

Сподели

Локалната власт во Општина Охрид, сите свои активности и акти ги темели врз законските одредби и врз принципот за добро владеење, а се во служба и интерес на граѓаните на Охрид, возвратија од општина Охрид.

И последното оценување на вработените во општинската администрација е направено врз законска основа, почитувајќи ги принципите на правичност и оценување според учинок. За нас, сите вработени се еднакви во своите права и обврски, за разлика од времето кога со Охрид раководеше СДСМ,  а високите оценки беа резервирани за повластени лица. Дали тоа значи дека СДСМ практикувал партиски клуч и делење на највисоки оценки на своите партиски војници?! кои претходно по истиот партиски клуч биле вработувани во локалната самоуправа! Како тоа, ако во претходниот период вработените биле оценувани со највисоки оценки – што значи дека одлично си ја вршеле работата, општината се задолжила со над 33 милиони евра?!

Зла крв и деградација на администрацијатасе случуваше во мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, кога вработените беа водени по митинзи и им беа упатувани закани со отказни решенија, ако не бидат присутни на уличната демократија што тогаш ја практикуваше СДСМ. Зла крв се и ваквите полуписмени соопштенија, без да се консултираат законските одредби и реалните потреби на граѓаните. Како што и претходно истакнавме, Општина Охрид ќе продолжи со реформските зафати за ефикасна администрација и покрај ваквите неиздржани соопштенија кои немаат никаква потврда во реалноста и единствено служат за одржување на политичкиот живот на СДСМ, потонат во својата безидејност до целосно политичко непрепознавање,стои во реакцијата на општина Охрид. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK