Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Силно полициско обезбедување овој викенд во Охрид

Силно полициско обезбедување овој викенд во Охрид

Сподели

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 94 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-53 Струга-16, Кичево-19, Дебар-06).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 12 контроли врз угостителски и други објекти.

Во периодот 29/30.07.2020 година, на подрачјето на СВР Охрид, констатирани се 122 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-80 Струга-07, Кичево-18, Дебар-17). Во периодот 28/29 јули 2020 година, евидентирани се 123 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-81 Струга-15, Кичево-22, Дебар-05). Во периодот од 28 до 30.07.2020 година, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маска.
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. По овој основ, во Охрид, во текот на јуни и јули 2020 година, изречени се вкупно 672 барања за поведување прекршочна постапка (јуни-495, јули-177).
Во текот на јуни и јули 2020 година, во областа на јавниот ред и мир, во Охрид регистрирани се 34 прекршоци (јуни-24, јули-10) во кои, против 32 сторители, се поднесени 28 соодветни пријави.
Во областа на сообраќајот, во текот на јуни и јули 2020 година, во Охрид, регистрирани се вкупно 66 сообраќајни незгоди (јуни-30, јули-36) во кои, 41 лице (јуни-17, јули-24), се здобиле со лесни телесни повреди а 15 со тешки телесни повреди (јуни-07, јули-08). Притоа, значајно е што во двата месеца, нема сообраќајни незгоди со жртви.
Во текот на престојниот празничен викенд, СВР Охрид ќе се преземаат интензивни превентивни и други мерки со цел, зачувување на стабилната безбедносна состојба на подрачјето. Полициски службеници од СВР Охрид но и од други полициски станици кои, деновиве се на испомош во Охрид, ќе вршат засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг просторите со цел, спречување на кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили.
Контроли (самостојни но и во соработка со пазарната инспекција) ќе се вршат и во угостителските објекти а целта е доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид 19 но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.
Во сообраќајот, ќе има физичко присуство на полициски службеници кои ќе го регулираат сообраќајот и ќе преземаат мерки за поголема сообраќајна безбедност. Апелираме, граѓаните доследно да ги почитуваат безбедносно-хигиенските мерки, поставената сообраќајна сигнализација но и да придонесат за стабилна состојба во областа на јавниот ред и мир.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK