Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Несовесни гости, фрлаат отпад на сите страни

Несовесни гости, фрлаат отпад на сите страни

Сподели

Oтпад на сите страни, искршени јавни добра клупи, канделабри, корпи.

Ваква е сликата во штицот на сезона во туристички Охрид. Угостителските објекти затвораат во еден по полноќ, но младите гости продолжуваат со забава до раните утрински часови. Преполни се плоштадите и парковите низ центарот на градот. . Гостите несовесни, јадат пијат , а отпадот го расфрлуваат на сите страни. - „Ги повикувам надлежните иснтитуции СВР Охрид, знам дека се присутни на терен, но да ја зголемат присутноста колку што можат посебно во ноќните саати. Сликата што наутро ја сретнуваме е ужасна и срамна за туристички центар како што е Охрид, вели Љупчо Грданоски директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Дополнителен проблем за одржувањето на хигиената во градот е сообраќајниот метеж и паркираните возила. Изминатиот викенд беше собран 350 метри кубни комунален отпад. -„ Сообраќајниот метеж е голем и потешко се движиме во централното градско подрајчје а некои локации ни се воопшто недостапни, додава Грданоски. Гужва и вистински хаос е и по охридските плажи. Гостите создаваат депонии на секој чекор. Во пресрет на Илинденските празници кога во Охрид се очекува наплив на илјадници гости надлежните апелираат граѓаните да бидат посовесни. Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK