Две нарушувања ноќеска во Охрид
- Детали
- Објавено на Сабота, 01 Август 2020 13:35
Две лица од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати.
На 01.08.2020 година во 05 часот, во СВР Охрид, Д.Р.(19) од Скопје, пријави дека на кеј „Македонија“ во Охрид, бил физички нападнат од засега непознато лице.Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид. Додава дека ноќеска во 00.15 часот, во СВР Охрид, Л.К.(21), пријавила дека, пред угостителски објект кај населбата „Коњско“ била физички нападната од Д.Т.(31), двајцата од Скопје. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.