Детали за сообраќајката кај Лагадин
- Детали
- Објавено на Недела, 02 Август 2020 11:16
Полицаецот од СВР Охрид е надвор од животна опасност.
На 01.08.2020 околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.
- Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Охрид, соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.