Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Репортажа: Кампот Љубаништа полн со туристи

Репортажа: Кампот Љубаништа полн со туристи

Сподели

Далеку од градската врева, на триесеттина километри  од Охрид, во атарот на село Љубаништа е распослан најголемиот авто  камп во земјава.

 

Во раскошната природа под падините на Галичица, кампот се протега  на 100 илјади метри квадратни, со капацитет за десетина илјади гости.  Оваа сезона и покрај пандемијата   приколките и шаторите се преполни  со домашни туристи.

-„Во моментов во авто кампот назначени се четворица ковид координатори,  кои се задолжени за следење на состојбата и почитување на мерките. Покрај тоа во соработка со Црвен крст покрај двата спасители кои редовно работат за викенди кога има повеќе гужва имаме уште четворица дополнителни спасители“, вели Антонио Гаврилоски закупец на авто камп Љубаништа.

Гостите  во кампот  се задоволни,  уживаат во спокојната тишина за време на летниот одмор.

-Ние сме задоволни за овие 11 години затоа сме тука. Нас ни е убав секој ден, чист воздух, поубаво езеро нема, вели гостин од Скопје.

-Јас сум од Велес тука многгу убаво си поминувам,  вели едно момче од Велес.

-Од Скопје сме многу ми се допаѓа. За прв пат сме тука со сопругата задоволни сме од услугите, вели турист од Скопје.

Природата овде  била дарежлива,  но инвестиции со години нема. Плановите на новите закупци се големи. На местото на старите  руинирани камп приколки да се градат  еко - бунгалови. Љубаништа за неколку години да   прерасне во елитен камп.

-„ Приколките со кои во моментов располагаме се многу стари и во лоша состојба, затоа нашата компанија планира од следната година да вооведе нови еколошки од природни материјали направени бунгалови во кои ќе има висок квалтет на смествање“, додава Гаврилоски.

Речиси во сите авто кампови на брегот на Охридското езеро со децении нема поголеми инвестиции, а во текот на   летото се преполни со гости.

Длабоките сенки , бисерно чистата вода, песочната плажа распослана на  30 илјади метри квадратни го прават кампот Љубаништа  за еден од најголемите  и најпосетените во земјава.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK