Саб09262020

Последна промена01:24:52 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Полјакина и Чехиња на филмска автостоп авантура

Полјакина и Чехиња на филмска автостоп авантура

Сподели

Две другарки,  Полјакиња и Чехиња  авто стоп пропатуваа осум Балкански земји.  Дваесет и тригодишните   Оливија и Јана патуваат речиси еден месец.

 

Тргнале од  Австрија, потоа  Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна , Србија , Македонија и Албанија.

Оливија е туристички водич од Полска, изминатите три лета  патуваше во Охрид со бројни туристи.  Ја знае историјата, културата , традицијата но поради  пандемијата оваа  сезона не работи,  па затоа   одлучи да ужива во една незаборавна авантура.

„Ја сакам Македонија поради културата храната и многу дружељубивите луѓе, охридските бисери кои се ендемични и единствени во светот. Идната година се надевам по завршување на пандемијата да бидам повторно во Албанија во Драч и два пати неделно да имаме екскурзии за полските гости да видат колку е убав  Охрид “, вели Оливија Лушак туристички водич од Полска.

Храбрите девојки минаа 20 илјади километри,  стопирајќи   патувале со комбиња, автомобили, камиони, автобуси  и немале никакви  проблеми  по границите. Велат не се плашат  од корона  вирусот,  во нивната филмска авантура  спијат во шатор, логоруваат, се забавуваат  и запознаваат нови пријатели.

-„Ова е едно од најубавите искуства во мојот живот. Секоја земја има нешто посебно, патувајќи авто стоп имавме прилика д запознаеме различни  локални луѓе, кои ни раскажуваа за своите земји.Во Охрид многу ми се допаѓаат луѓето, природата, волшебното езеро, навистина е прекрасно“ , вели Јана  Хофманова од Чешка.

Со ранците  на рамо,на овие девојки  автопатот им е најдобар пријател.  Охрид  им е претпоследната дестинација, од тука заминуваат за Драч Албанија, а потоа  со авион ќе се вратат  дома.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK