Саб09262020

Последна промена01:24:52 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Бродарите да ги почитуваат правилата за заштита од Ковид

Бродарите да ги почитуваат правилата за заштита од Ковид

Сподели

Надлежните иституции седнаа на маса со бродарите.

Со цел доследно почитување на одлуките и протоколите за работа на пловните објекти и примена на безбедносно-здравствените мерки за заштита на граѓаните од Ковид-19, во СВР Охрид вчера се одржа работна средба со сопственици и капетани на бродови во Охрид, на која присуствуваа и претставници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“-Регионален центар Запад, претставници на Капетанија на пристаништа-Охрид и на Државниот пазарен инспекторат.
- На сопствениците и капетаните на бродови посебно им беше укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање на лица, носење на заштитни средства и користење на дезинфекциони средства во пловните објекти кои се прикотвени на пристаништето или се во движење во водите на Охридското Езеро, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Претставници од Одделението за превенција укажаа и на потребата од воведување на редарска служба што ќе се грижи за безбедноста при влез и за време на престојот на патници во бродот, како и редовно информирање преку разглас на патниците за неопходноста од придржување до препораките за носење на заштитна маска и држење на растојание за време на пловидбата.
На бродарите им беа презентирани протоколите за работа во делот за работа на угостителска дејност, со посебен акцент за гласна музика и им беше укажано за неопходната примена на мерките за безбедна пловидба и на другите одредби од Законот за внатрешна пловидба. Претставниците на СВР Охрид и на другите надлежни институции најавија континуирани контроли на сите пловни објекти кои се прикотвени или пловат по Охридското Езеро“, соопшти портпаролот Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK