Саб06062020

Последна промена10:19:55 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Струга откажа, Охрид сам ќе субвенционира евтини авио летови

Струга откажа, Охрид сам ќе субвенционира евтини авио летови

Сподели

Евтини авио линии на охридскиот аердором Свети Апостол Павле   се очекува да се воведат пред почетокот на летната сезона. Иако беше најавено дека Охрид ќе се поврзе со светските метрополи од почетокот на годинава тоа не се случи.

 

Струга се откажа од субвенционирањето, па сега општина Охрид сама ќе ги субвенционира нискобуџетните авио компании.

-  Изостана интересот од општина Струга но тоа воопшто не не обесхрабрува Ние сме сигурни дека овој процес треба да му се случи на Охрид да се воведат евтини авио линии  и граѓаните на Охрид и локалната самоуправа и сите ќе ги осетат бенефитите, изјави Димитар Спасески секретар на општина Охрид.

Охрид следниве три години ќе издвојува по  12 милиони денари годишно за субвенционирање на  авио компаниите.

- Веќе авио компаниите ја разгледуваат  понудата која што ќе ја дадат тоа секако понатака ќе си оди на тендер. Но, од нас тоа што бараат ќе да видат развоен буцет  за  три години дека сме подготвени да субвенционираме. Така што ние сме подготвени тие средства да ги обезбедиме за да може да субвенционираме, изјави Спасеки.

Евтини редовни авио линии  ќе  се воспостават со Словенија, Италија, Австрија и Швајцарија.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK